октомври 6, 2024

Полицаец ноќеска пукал во воздух во Радишани за да се одбрани од неколкумина напаѓачи..Засега сеуште не се познати мотивите за инцидентот..

Полицијата се уште ги истражува причините за синоќешниот напад во Бутел во која се повредени три лица, меѓу кои и полициски службеник кој во моментот не бил на должност. Засега две лица се приведени а се трага по уште тројца, потврди министерот за внатрешни Оливер Спасовски.

Инцидентот, како што соопшти МВР, се случил околу 1 часот по полноќ во близина на клучката кај Радишани, кога петмината во две возила марка „бмв“ и „цитроен“ му го блокирале патот на автомобилот во кој биле полицаецот и другите две лица, излегле и прво удирале по возилото па потоа и кон лицата. За да ги оттргне напаѓачите, полицаецот во воздух испукал неколку куршуми од службениот пиштол.

Лишени од слобода се две лица. Има лица кои што со другото возило практично го напуштиле местото. Очекувам наскоро и тие ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Според класификацијата се работи за насилство така што очекувам дека во текот на денот ќе завршат сите активности за расчиствуање на случајот.“

Паралелно продолжуваат активностите и за расчиствуање на двојното убиство во чаршиското кафуле „Шиша бар“. Егзекуторите се уште се непознати но министерот Спасовски уверува дека има напредок во истрагата. Иако двата инциденти се случија во многу краток периуод, министерот уверува дека граѓаните треба да бидат спокојни.

„Има напредок во истрагата, се утврдуваат повеќе информации и податоци, тоа го даваат и криминалистичките истраги и вештачења кои се прават. Имаше некои информации во јавноста дека сме постапувале многу ригорозно према таквите групи. Сакам да упатам порака до граѓаните дека ние ќе продолжиме со такви активности заради тоа што нашиот интерес и интересот на граѓаните, стабилноста и мирот се приоритет број 1 за сите нас и тука нема застанување.“

Спасовски додаде и дека првичните информации засега не укажуваат никаква поврзаност на двата настани.

The post Полицаец ноќеска пукал во воздух во Радишани за да се одбрани од неколкумина напаѓачи.. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK