ноември 21, 2024

Кошаркарите на МЗТ Скопје го одиграа можеби најлошиот меч сезонава во АБА-лигата, со многу грешки и пред се лоша игра во одбраната, поради што не зачудува убедливиот пораз на вечерашното гостување кај Задар (79-98), во меч од 11. коло од регионалното натпреварување.

Хрватскиот тим одигра речиси перфектно, особено во офанзивата, што по само неколку минути им донесе двоцифрена предност (15-5) како најава на крајниот исход. Задарските кошаркари продолжуваа да мелат од сите позиции, па воопшто и не зачудуваше што кон средината на вториот период веќе имаа плус 20 (42-22), а полувремето го завршија со неверојатни 57 постигнати поени.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK