ноември 22, 2024

Двајца затвореници од затворот „Идризово“ завршија во болница по тепачката помеѓу две групи. Хаосот настанал во затворениот дел на установата, каде што се степале две групи затвореници. Во насилството учествувале и осуденици од случајот „Диво Насеље“.

„Во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено-поправната установа ‘Затвор Идризово’, во дворот од затвореното одделение, настанала физичка пресметка помеѓу две групи затвореници. Притоа повреда од остар предмет добиле осуденикот Н. М. (44) од с. Черкези, Кумановско, кој бил пренесен во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’, и Р. К. (33) од с. Челопек, Тетовско, кој добил повреда од тврд предмет и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување помош“, велат од МВР.
Изминатите месеци затворот „Идризово“ го следат низа скандали. Од тепачки до избодени затвореници, измами. Најголемиот беше бегството на Беким Мемети за што осомничени се затворски полицајци и командир.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK