Моќта на дезинформациите може да ви даде размислување и перцепција која не е реална. Дезинформациите кои зад себе имаат и пропагандистичка цел сакаат да прикажат дека ние сме сега окупирани, дека немаме соодветно државно раководство избрано на избори, дека нашата политика надворешна не треба да стреми кон западните вредности туко кон Истокот што дополнително кај нас тоа може да биде дополнително опасно заради мултиетничкиот карактер на државата. Овој случај безмалку е сличен и за другите земји во опкружувањето со плус или минус некој сегмент од наведените вели политикологот Милан Стефановски во неговото гостување во утринската емисија „Утрински печат“.
Милан Стефановски, политиколог: Дезинформациите создаваат размислувања и перцепции кои не се реални
Според Стефановски политичките партии но и дел од не професионалните медиуми се едни најголемите промотори на невистини кај граѓаните.
– Тоа е тактика која постои од минатото и не е новина. Истата морам да признам дека не е етичка ниту пак морална во однос на ширењето на невистините. Тоа е секогаш така за оние кои што се на власт или обратно.
Секогаш едните изнесуваат информации за другите во кои се гледа да се оцрни другата без разлика дали станува збор за вистина или не.
При тоа не се внимава дека целата една држава или цел еден народ се доведува до апатија, поради која подоцна ни се случува миграција на населението кон Запад од земјава но и од сите останати држави во опкружувањето, без разлика дали станува збор за Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и сл. – резимира експертот Стефановски.
Тој на ова се надоврзува со случувањата во Бугарија каде што вели дека дезинформациите не биле толку изразени како овдека.
– Оној момент кога се случи војната во Украина и кога одредени бугарски партии започнаа своите гласачи да ги анулираат со проруска содржина и пропаганда дезинформациите дојдоа до израз.
Морам да потсетам дека таму руската пропаганда и руските невистини допринесе Софија со месеци и години не може да состави влада и раководство во земјата, што ја направи земјата порозна на надворешни влијаниа дополнително. Со ова на Балканот имаме држава која е членкна на НАТО и ЕУ но која е нефункционална токму поради овие проблеми – оценува Стефановски.
Во исто време политикологот додава дека геополитичката слика која Западот сака да ја оствари во земјите од регионот се нарушува токму поради проблемите на земјите овдека со корупцијата, не владеењето на правото, пропагандата како и поради проблемите во правосудството.
Стефановски во емисијата зборуваше и за лажните дојави на бомби во земјава но и на Балканот и психозата која тие ја создаваат кај граѓаните, за проблемите со Бугарија.
Стана збор и за потфрлањето на евроинтегративните политики на Брисел за земјите членки, украинската криза и друго.
Повеќе од разговорот со Милан Стефановски погледнете во видеото во продолжение…
Следете не, не има насекаде