мај 12, 2026

Додека во Барселона го обвинуваат дека води „хајка“ против нив во случајот „Негреира“ и дека сака да ја преземе контролата на клубот, претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас пред „Ел класико“ овој викенд ги шокираше сите признавајќи дека е голем „мадридиста“.

„Ако кажам дека не навивам за Мадрид, тогаш ќе бидам лицемер и ќе бидам претставен како лажго. А, дефинитивно не сакам да ме нарекуваат лажго. Замислете сега да кажам дека ги сакам сите тимови, а потоа да се дознае дека сум навивач на Реал Мадрид од моето детство, дека сум присуствувал на 27 ‘Ел класика’ во минатото и дека ги прославував победите на Мадрид со моите пријатели. Затоа е подобро да се каже вистината“, вели Тебас во интервју за „АС“.

The post Пред „Ел класико“, Тебас призна дека е голем „мадридиста“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK