Италијанскиот актер Микеле Мороне, на многумина најпознат по улогата во филмот „365 дена“, моментално престојува во Турција.
Се дружи со децата кои останаа без домови и членови на семејството по разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија. Микеле помага во делењето пакетчиња, а со децата црта, игра и го учи нивниот јазик.
Актерот на Инстаграм сподели неколку фотографии со Турција, а на Тик ток се појавија бројни видеа на обожаватели кои го поддржуваат гестот на актерот.
„Човек со големо срце на вистинското место“, напишаа луѓето на социјалните мрежи.
The post Италијанскиот актер Микеле Мороне во Турција им помага на децата кои настрадаа во земјотресот appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
