Повеќе од 2000 мајки го избраа Том Круз за најсекси маж во светот. Анкетата ја направи Showcase Cinemas која ги замоли анкетираните да ги изберат нивните најсексапилни глумци и омилен филм, пишува „Дејли Мејл“. Освен што е најсекси, Том Круз е и најплатен глумец. Минатата година заработи 100 милиони.
Кариерата ја почна на деветнаесет години во филмот „Вечна љубов“, а глумеше и во бројни акциони филмови како „Војна на световите“, „Невозможна мисија“, „Извештај за малцинствата“, „Работ на утрешниот ден“, „Топ Ган: Маверик“ и други.
Досега на првото место на оваа листа беше познатиот комичар и глумец Робин Вилијамс, кој сега се најде на второ место. По нив се Том Хенкс, Патрик Свејзи, Роберт Редфорд, Џон Вејн, Харисон Форд, Морган Фримен, Алан Рикман и Бредли Купер.
За најдобар филм на сите времиња, жените го изгласаа „Моите песни, моите сништа“, од 1965 година, во кој главната улога е на глумицата Џили Ендрјус.
Второпласиран филм е „Титаник“, па следуваат мјузиклот „Мама миа“, „Згодна жена“, „Валкан танц“, „Однесено со виорот“.
The post Повеќе од 2000 мајки го избраа Том Круз за најсекси маж appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде