мај 13, 2026

Македонскиот пејач Џокер ја објави најновата песна и спот „Такси“. Песната е негова, а видеото го сними со режисерот Дарко Јовановски. Џокер рече дека инспирација му бил култниот филм „Џокер“ и глумецот Хоакин Феникс кој во 2019 година освои Оскар за оваа улога.

„Сигурен сум дека во песната ќе се пронајдат многумина и дека ќе и се допадне на публиката. Песната не е лична моја приказна, туку ја направив во склоп од секојдневни ситуации“, рече Џокер.

За „Такси“ рече дека е песна која е нешто ново и нетипично за македонската музичка сцена, а работи и на други песни кои наскоро ќе ги објави.


The post Младиот пејач Џокер инспириран од Хоакин Феникс ја објави новата песна „Такси“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK