мај 19, 2024

Тројца мажи се осудени за убиството на американскиот рапер Џасеј Двејн Рикардо Онфрој познат и како XXXTentacion во 2018 година. Судењето се одржа во Форт Лодердејл, Флорида, пренесува AP News.

Рикардо беше убиен додека излегувал од застапништво за мотоцикли. Надвор го сретнале Мајкл Боатрајт (28), Дедрик Вилијамс (26) и Трејвон Њусом (24). Додека влегувал во автомобилот му се доплижиле, а еден од нив успукал два истрели. 

Раперот веднаш бил однесен во болница, но лекарите не успеале да го спасат. Освен што беа прогласени за виновни за убиство од прв степен, тројцата беа обвинети и за кражба на 50.000 долари кои ги земале од неговиот автомобил.

Изрекувањето на пресудата е закажано за 6 април, а законот на Флорида за убиство од прв степен предвидува казна доживотен затвор. Ниту еден од тројцата не покажал емоции на судењето во понеделникот. Не покажаа ниту членовите на нивните семејства, пренесоа медиумите.

Беа прикажани нивните пораки и видео на кое се гледаат украдените банкноти. Мајкл Боатрајт бил идентификуван како човекот кој ракувал со огненото оружје, а неговите пораки биле читани за време на судењето. Во една од нив, напишана еден час по пукањето, напишал:

„Кажи му на брат ми дека најдов пари за нов мобилен телефон“. 

Роберт Ален сведочел против тројцата, кои тврдеа дека и тој учествувал во грабежот. Минатата година Роберт беше осуден за убиство од втор степен, а по сведочењето може да му биде намалена казната.

Нивните адвокати рекоа дека Роберт лаже и јавно прашаа зошто обвинителите и детективите не истражуваат други потенцијални осомничени. Еден од тие беше спомнат во судењето. Станува збор за раперот Дрејк, со кого ХХХТентасион се расправаше на социјалните мрежи.

 

The post Тројца мажи осудени за убиство на американски рапер appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK