мај 13, 2026

Во седиштето на УНЕСКО во Париз, Франција, денеска (21 март) ќе се одржи целодневна програма во чест на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската лирика, Ацо Шопов.

Одбележувањето на јубилејот е дел од Календарот на важни меѓународни јубилеи поддржани од УНЕСКО, а почетокот на настанот е закажан за 9:35 часот.

Во рамките на програмата, со која се прославува и Светскиот ден на поезијата – 21 Март, ќе биде соопштен лауреатот на „Златниот венец“ на годинашното, 62. издание на „Струшките вечери на поезијата“, како и добитникот на наградата „Мостови на Струга“, која се доделува во соработка со УНЕСКО.

Настанот е дел од Националната програма „2023 – Година во чест на Ацо Шопов“

The post УНЕСКО во Париз ја чествува 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK