мај 13, 2026

Општина Центар го објави Јавниот повик со кој го започнува проектот „Цел Центар на точак“, за субвенционирање на 30 отсто од цената за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет.

-Секој полнолетен жител на Општина Центар што ќе купи велосипед, е-велосипед или е-тротинет ќе може да добие субвенција до 3.000 денари. За доделување на субвенционирана помош потребно е да се достави пополнето барање за субвенционирање, копија од лична карта и трансакциска сметка, како и фискална сметка во оригинал за купен нов велосипед, е-велосипед или е-тротинет. Субвенционирањето трае се до исцрпување на средствата, информираат од Општина Центар.

Барањата со комплетна документација потребно е да се доставуваат во архивата на Општина Центар, барака бр.6. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето. Општина Центар напоменува дека правото на субвенција е еднократно.

-За сите дополнителни информации во врска со субвенционирањето, граѓаните можат да прочитаат на следниот линк https://www.centar.gov.mk/?p=16742 или да се обратат на телефонскиот број: 02/ 3203-600 и 02/ 3203-693, се наведува во соопштението од Општина Центар.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK