мај 13, 2026

По повод Светскиот ден на театарот, 27-ми март, Македонскиот народен театар ги отвора вратите за сите граѓани. Публиката ќе има можност бесплатно да ја гледа претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак, во која играат првенците на МНТ, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Дејан Битровски.

Пред почетокот на изведбата ќе бидат прочитани светската порака од Самиха Ајуб, египетска актерка, и македонската порака од Теута Ајдини-Јегени, актерка.

Билетите се подигнуваат на денот на изведбата од 14:00 часот на билетарницата на МНТ.

The post Слободен влез во МНТ на Светскиот ден на театарот: бесплатна изведба на претставата „Само глас“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK