ноември 24, 2024

Пред точно 17 години, на 17 декември 2005 година, Македонија доби кандидатски статус за членство во ЕУ. По тој повод, денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, на неговиот Фејсбук профил, порача дека сега европската иднина е во наши раце, индиректно повикувајќи, меѓу другото, и да се изгласаат уставните измени, бидејќи, како што оценува, 2030-та година е реален таргет за полноправно членство. Тој тврди дека никој веќе не ја блокира земјава и сугерира дека единствено самите можеме да се блокираме, иако јавните сигнали од Бугарија сугерираат нешто друго.

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

„Далечната 2005 година добивме кандидатски статус за членка на ЕУ, а овој 17 декември Северна Македонија е земја која преговара со Европската Унија.

Направивме историски чекор во евроинтеграциите. Денес имаме задача пред овој државнички проект да застанеме одговорно и со силна политичка волја за темелни реформи, успешно да го завршиме. Тоа е наша обврска кон граѓаните.

17 години успеси и падови, напредок и назадување на европскиот пат, но веќе немаме време за губење. Со јасен план и визија, зад која треба да застанеме сите, фокусирани на реформската агенда, мораме брзо да напредуваме во процесот и граѓаните да почнат да ги чувствуваат придобивките од преговорите со ЕУ“, напиша Маричиќ.

Тој истакна дека темпото на скрининг процесот се одвива според предвидениот календар од Европската комисија, при што посочи дека успешно е завршен билатералниот скрининг за Кластер 1 („Фундаментални вредности“), а во јануари продолжуваме со билатералните состаноци за Кластер 2 и тоа за Поглавјата 3, 6 и 7 („Право на основање и слобода на давање услуги“, „Право на трговски друштва“ и „Право на интелектуална сопственост“).

„Немаме повеќе блокади од никого, напротив. Имаме силна поддршка од европските институции, од државите членки, од високите европски претставници. Да не бидеме самите на себе следно вето.

2030 е реална година за членство на Северна Македонија во ЕУ, заедно да ја оствариме“, повика вицепремиерот.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK