мај 11, 2026

Возот од Скопје до Велес ќе вози со максимум 20 километри на час.

Имено, Јавното претпријатие Македонски железници Инфраструктура ја ограничи брзината на возовите на делницата Скопје-Велес и обратно, за што вчера биле информирани железничките станици долж пругата, јавува СДК.МК.

„Максималната брзина на пругата Скопје-Велес меѓу станиците Рајко Жинзифов и Велес ќе биде 20 километри на час. Истата важи до нејзино отповикување“, соопштија од Македонски железници Инфраструктура.

Засега нема информации која е причината за оваа одлука, а патниците стравуваат дека со ова ограничување на брзината ќе се придонесе за доцнење на патничките возови.

The post Возот од Скопје до Велес ќе вози со максимум 20 километри на час !!! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK