ноември 21, 2024

Хрватскиот играч Лука Модриќ (37) по денешната победа над Мароко (2:1) изјави дека ќе остане во националниот тим за финалето на Лигата на нации наредните години.

Тој во изјава за ХТВ конечно ги демантираше наводите дека на ова Светско првенство последен пат ќе настапува за хрватската репрезентација.
„Мојот план беше да останам во финалето на Лигата на нации што е следната година. Можеби некои квалификациски натпревари за ЕП. Мислам дека направивме нешто страшно. Сакавме злато, но не успеавме. Сепак, можеме бидете горди на сето ова и доаѓаме како победници во Хрватска.Ова е посебен медал втор шампионат по ред, многу се искачивме.Сега нè гледаат како велесила. Новите играчи во тимот донесоа нова енергија и имаме иднина. Некои се тука прв пат и имаат веќе медал, а мене ми требаа 12 години“, изјави капитенот на Хрватска.

Стрелец на голот со кој и донесе бронза на Хрватска беше Мислав Оршиќ.

„Мислам дека сè уште не сум свесен што направивме. Можеби ќе бидам свесен дури кога ќе се вратиме во татковината. Одигравме добар натпревар, беше возбудливо, се боревме и ова е заслужена победа. Знаевме дека треба да внимаваме на нивните контранапади и тоа е она што успеавме. Моја цел? Највредниот гол во кариерата и го посветувам на моето семејство“, изјави Оршиќ.

Инаку, хрватската репрезентација утре во 17:10 часот доаѓа во Загреб.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK