мај 13, 2026

Вчера се емитуваше овогодишното издание на „Златна бубамара на популарноста“. Низа награди, многу настапи, шеги, смеа. Но, овој пат публиката не остана рамнодушна на настапот на Андријана Јаневска и рецитирањето на Игор Џамбазов. Еден од најдобрите македонски вокали ја запеа „Ми заплакало селото Ваташа“, додека Џамбазов ја рецитираше „Цветови“ од Славко Јаневски.

За нивниот настап на големо се зборува. На социјалните мрежи веќе споделуваат воодушевувања заради оваа идеја на Ранко Петровиќ, првиот човек на „Златна бубамара“

. „Браво за Ранко. Ја негува традицијата на Златна Бубамара но и потсетува на македонските народни песни испеани од мака поради терор. Најмладото застрелано момче имало 15 години“, пишуваат на социјалните мрежи потсетувајќи се на стрелањето на младинците во селото Ваташа.

The post (Видео) „Ми заплакало селото Ваташа“, емотивната изведба на Игор и Андријана ја расплака публиката на „Бубамара“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK