Стефани Петковска, девојче од Струмица ја донираше својата коса за децата болни од рак.
„Шестгодишната Стефани Петковска од Струмица ја донираше својата коса за децата болни од рак. Големо дело од малата хероина, која со целост ја заслужува нашата почит и благодарност, за тоа што е достоен пример за сите нас. Ти благодариме Стефани!“, пишува во нивната објава.
Претходно истото го направи и деветгодишниот Максим Каески, кој неколку години ја пуштал својата коса за да ја донира на деца болни од рак. Својата мисија ја започнал уште во градинка. Тој пред извесно време зборуваше за предизвиците со неговите врсници во училиште кои го задеваат и исмеваат поради долгата коса.
The post Шестгодишно девојче од Струмица ја донираше косата за децата болни од рак appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
