мај 14, 2026

Деведесет годишен Грк ја тужи грчката железница затоа што нивата му била уништена од сударот на возови кој се случи во Темпи, несреќа во која загинаа повеќе од 50 лица. Дедото вели дека чекал род од пченица околу четири тони.

Во тужбата која ја поднел, објаснил дека за време на спаскувачката мисија и отстранувањето на возовите полето му било уништено. Сега бара отштета од 2000 евра, пренесуваат грчките медиуми.

Тужбата ја потври и заменик градоначалникот на Темпи, Јоргос Николау, кој рече дека луѓето не треба да го осудуваат старецот.

„Секако дека има право на тужба. Но, станува збор за вонредни околности, за трагедија по која мора да се направат некои работи. Во секој случај, зборот на правдата е последен“, рече Николау.

 


The post Дедо ја тужи грчката железница бидејќи нивата му била уништена по судирот на возови appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK