мај 14, 2026

Том Хенкс повеќе од 10 години се бори со дијабетес тип 2. Познатиот актер во една прилика изјави дека веќе некое време се бори со високото ниво на шеќер во крвта.

„Отидов на лекар и ми рекоа: „Знаеш дека се бориш со висок шеќер во крвта од 36 години?-Имаш дијабетес тип 2“, рекол актерот.

Оскаровецот истакнал дека лекарите му рекле дека нема да има потреба да зема инсулин доколку се храни здраво.

„Ме гледавте во филмовите, како изгледав. Како вистински дебел идиот. Мислев дека можам да го избегнам со отстранување на пецивата од мојата исхрана, но ми требаше повеќе од тоа. Лекарите велат дека нема да морам да земм инсулин, ако продолжам да ја одржувам саканата тежина и ако продолжам да се хранам здраво“, додадл тој.

Хенкс исто така признал дека тој е одговорен за својата болест бидејќи не се грижел за исхраната.

„Испадна дека сум тотален идиот. Пред три години ми беше дијагностициран дијабетес тип 2 поради големите флуктуации во мојата тежина. Болеста кулминираше кога работев на филмот „Филаделфија””, рекол тогаш актерот.

The post Здравјето ми беше загрозено поради улога во филм, актерот Том Хенкс зборува за борбата со шеќерот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK