мај 14, 2026

Министерството за туризам и млади на Србија го прогласи Златибор за туристичко место од прва категорија. Одлуката ја донесоа по проценка на обемот на туристички сообраќај во претходните три години и степенот на изградба на комунална, сообраќајна и туристичката инфраструктура.

Раководсктвото на оштината Чајетин и Туристичката организација на Златибор оцени дека ова е уште една потврда дека сите вложувања во развојот на туристичката економија на општината придонеле градот да биде препознаен како една од водечките туристички локации во Србија и регионот.

Подрачјето на туристичкиот град Златибор опфаќа три целини: Златибор центар во чии рамки се сместени и потединците Палисад, Краљева вода и трговскиот центар Златибор, населбата Златибор во која спаѓаат населбите Голија, Слобода, Јелена Анжујска, Обудовица и други и периферијата Златибор (населбите Зова, Око, Караула, Рујан и други.

Согласно Законот за туризам, решението за класификација на населеното место Златибор во прва категорија туристичко места на Србија е издадено со период од три години.

The post Златибор е прогласен за туристичко место од прва категорија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK