мај 14, 2026

Победникот на музичкото шоу „Никад није касно“, Бобан Цаневски ја промовираше најнова песна на српски јазик. Песната се вика „Удри бригу на весеље“. Музиката е на Блаже Темелков, а текстот на Татјана Петровска и Сашо Младеновски. Спотот за неколку дена е виден повеќе од 30.000 пати.

„Да бидам искрен, многу работи се променија после „Никад није касно“. По финалето станав популарен, па многумина ме советуваа дека требало веднаш да извадам песна, но верувајте дека денеска не е лесно да дојдете до добра продукт. Морав да слушнам преку 10 демо-верзии, за на крај ја изберам најдобрата. Се надевам дека ќе ѝ се допадне и на публиката“, рече Цаневски.

За потсетување, Бобан минатата година победи во шоуто „Никад није касно“.

The post Победникот од „Никад није касно“ Бобан Цаневски ја објави најновата песна на српски јазик appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK