април 27, 2024

Додека се чекаат резултатите од обдукцијата на телото на шестгодишната Јана, девојчето кое почина во битолската болница, нејзините родители во потресна изјава за Сител, раскажаа што се случувало, откако малата Јана примила инфузија.

„Прво додека девојчето ја примаше инфузијата, си заспа, и се беше во ред. Му се врати бојата, и му се стоплија рацете, бидејќи претходно му беа ладни. Кога дојде инфузијата до пола, девојчето почна да се жали на болка во стомакот и во нозете. Станав да ја побарам докторката, сестрата ми рече дека докторката не е тука, дека работи. Ја викнав сестрата, таа рече дека е нормално да има грчеви, од што повраќала. И потече раката. Докторката и ја помести инфузијата на другата рака. Девојчето се тресеше од болки. Сестрата ни рече дека ќе дојде докторката, само да заврши работа. Девојчето цело време велеше дека има болки и не може да издржи повеќе, јас и ја држев раката, за да не се измести инфузијата. А докторката не дојде ни еднаш да праша како е Јана“, вели мајката.

Кога девојчето веќе не можело да издржи од болки, вели мајката, ги замолила младите што доаѓале на пракса да одат да ја викнат докторката, бидејќи имало уште малку од инфузијата.
Видео Тука

The post Потресно сведоштво на мајката и таткото на Јана – Родители чувајте си ги децата, ако имате пари одете да ги лечите приватно, Јаничка можеби ни ја зеде Господ за да спасиме некое друго дете. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK