декември 4, 2024

Британскиот актер Дејвид Џејсон, на 83 години дознал дека има уште една ќерка, која денес има 52 години. Популарниот Дел Бој од хумористичната серија „Сплетки“, истовремено дознал дека е и дедо на десетгодишно момче.

Актерот веќе се поврзал со ќерката Еби Харис и вкунот Чарли, пишуваат британските медиуми.

„Малку е да се каже дека ова е изненадување за мене. Откако дознавме за нив, јас, сопругата Џил и нашата ќерка Софи ги примивме во семејството со раширени раце“, изјавил Џејсон.

Еби е родена во 1970 година, по кратката врска на мајка ѝ Џенифер Хил со Џејсон.

„Знаејќи за оваа врска, долго време се сомневав дека тој ми е биолошки татко. Подоцна сфатив дека го имам неговиот нос“, изјавила Еби Харис.

Џејсон е во брак со Џил Хинчклиф од 2005, а ќерката Софи ја добија во 2001, кога тој имаше 61 година.

Sir David Jason united with daughter he was unaware existed for 52 years – Mirror Online https://t.co/qXPgIBlpKm

— Carol Challis (@BeingBoycie) March 27, 2023

The post Актерот Дејвид Џејсон на 83 години ги запознал ќерката и внукот за кои не знаел дека постојат appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK