ноември 22, 2024

Најверојатно веќе сте чуле за предностите на маслото од лен, но ретко кој обрнува внимание на тоа. Лененото масло нашироко се применува во медицината и козметологијата, но обичниот човек ретко го користи – а треба!

Лененото масло поседува многу важни и корисни својства и може да се користи секојдневно, во текот на целиот живот.
Вредноста на ова масло за човечкиот организам е условена со неговиот богат состав, како масни киселини, така и макро и микроелементи. По содржината на омега-3 масни киселини, лененото масло е 3 пати побогато од рибиното масло, така што за оние кои не сакаат риба, ова масло е вистинско откритие.
Обично, како превентива, маслото од лен се консумира на празен стомак, односно 20-30 минути пред оброкот. Доволно е да земате 1-2 супени лажици.

Корист на лененото масло за организмот
За слабеење

Олеинската киселина омега-9, линолната киселина омега-6 и алфа-линоленската киселина омега-3 се ефикасни активатори за слабеење. Затоа сите кои имаат проблем со вишокот килограми треба да ја консумираат оваа намирница. Маслото од лен можете да го додавате во јогурт или салата, или да го консумирате како самостоен производ.
За кардиоваскуларниот систем
Лененото масло штити од болести на кардиоваскуларниот систем, го нормализира крвниот притисок, го намалува нивото на холестерол во крвта, а исто така го подобрува здравјето и еластичноста на крвните садови.

За женското здравје
Присуството на лигнин во ова масло делува на одржувањето нормален баланс на хормоните во организмот. Благодарение на лененото масло, полесно се поднесуваат менструалните болки и менопаузата.
За младост и убавина
Лененото масло ја нормализира работата на лојните жлезди. Исто така, маските на база на ова масло поседуваат подмладувачки, хранливи и антибактериски својства. Маслото од лен е добро да се користи за трепки и веѓи бидејќи неговиот ефект е многу посилен од рицинусовото масло.
Ако направите мешавина од мед, ленено масло и лимон ќе добиете вистински еликсир кој го подмладува целиот организам.
За да забележите позитивен резултат врз организмот, лененото масло користете го минимум 2 месеци, секој ден по 1-2 супени лажици. Лицата со редовна терапија треба да се консултираат со својот лекар пред да започнат да консумираат масло од лен.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK