март 29, 2024

Владата на денешната седница одлучи на полицајците да им го зголеми бруто износот на платата за 3.086 денари.  Зголемување на платите е со цел усогласување со растот на минималната плата.

„Со денешната одлука на 140 седница на Владата, зелено светло доби предлогот на МВР за линеарно зголемување на постојните плати во висина од 3.086 денари по работник во бруто износ, почнувајќи со платата за месец март 2023, која ќе се исплати во април“, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Ова е четврто по ред зголемување на платите на вработените на МВР, имајќи го предвид минатогодишното зголемување од 5 отсто за сите вработени.

МВР доброволно исплати и бонус плати за оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2017, 2018, 2019, 2020, 2021.

Бонус платата за 2022 за над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво ќе изнесува 31.859 денари.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK