мај 14, 2026

Папата Франциско има респираторна инфекција и ќе мора да помине „неколку дена“ во болница во Рим, соопшти Ватикан.

Папата има потешкотии со дишењето во последните денови, но нема ковид, се додава во соопштението, а пренесува Би-би-си.
Во соопштението се вели дека инфекцијата „ќе бара неколкудневна соодветна болничка медицинска терапија“.

„Папата Франциско е трогнат од бројните добиени пораки и изразува благодарност за блискоста и молитвите“, се додава во напишаното.
Во средата наутро тој претседаваше со својата неделна општа аудиенција на плоштадот Свети Петар. Иако изгледаше дека е добро расположен, беше виден како прави гримаса додека му помагаа да влезе во возилото, пренесува AFP

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK