мај 14, 2026

Владата на седница донела одлука да донираме хеликоптери на Министерството за одбрана на Украина и утврдила текст на Протокол за таа намена.

Владината прес-служба соопшти дека Владата ја разгледала и усвоила Информацијата за потреба од склучување Протокол за донација на воздухоплови (хеликоптери) помеѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за одбрана на Украина и донела Одлука за донација на воздухоплови (хеликоптери) на МО на Украина.

Владата на Република Македонија го разгледа и прифати усогласениот текст на Протоколот за донација на воздухоплови помеѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за одбрана на Украина, стои во соопштението.
Како што најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните медиуми, Владата, на седницата, ја разгледала и усвоила и Информацијата за потребата од линеарно зголемување на платите на работниците во Министерството за внатрешни работи, на предлог на ова Министерство.

Согласно заклучокот, Министерството за внатрешни работи ќе изврши линеарно зголемување на платите на вработените во Министерството во износ од 3086,00 денари по работник, во бруто износ, што ќе отпочне да се исплаќа со платата за март 2023 година, информираат од Владата во дополнение за одлуките од седницата.

The post Владата донесе дефинитивна одлука да ѝ донира хеликоптери на Украина appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK