септември 25, 2024

Српскиот актер Срѓан Жика Тодоровиќ проговори за смртта на својот тригодишен син Дејан, кој трагично почина во 2017 година и откри како се уште многу тешко се справува со неа.

„Секој ден ги гледам неговите фотографии, го бакнувам и гледам некои од тие видеа на мојот мобилен телефон. Поминаа пет години… Поминаа пет и пол години сега кога го давам ова интервју. Се уште не сум застанал на нозе. Сега правам некои рокенрол емисии и глумата повеќе воопшто не ме интересира“, рекол тој во емисијата „Уна, Дуе, Тре“.

Срѓан Тодоровиќ за смртта на тригодишниот син: Благодарен сум на Бога што слушнав како ме вика „тато“ и што почувствував како е да си татко

Потоа открил како се случил трагичниот инцидент. „Го ставивме на попладневно спиење. Го пуштивме половина час подолго и веќе беше доцна, беше син. Кога дојде брзата помош направија се, но лекарката рече дека е премногу доцна“, рекол Тодоровиќ.

Станува збор за ненадејна детска смрт, која може да се случи кај деца на таа возраст.

„Направија анализи на крвта, дали умрел од нешто? Ништо не најдоа. Кога не ќе најдат ништо, го ставаат под „СИДС“. Тоа е официјална болест која постои во Америка. Разговарав со некои американски парови, чие дете исто така почина од СИДС. СИДС – необјасниво, зошто? На српски тоа се нарекува случајна ненадејна смрт на дечиња“, рекол Срѓан.

Без разлика на се, Срѓан е благодарен што го слушнал синот да го нарекува „тато“, како и што почувствувал како е да се биде татко.

„Да речеме дека јас и Ана не можевме да имаме деца, како што не можат многу парови, дали јас би бил посреќен? Не знам, но во секој случај, благодарен сум на Бога што почувствував како е да се биде татко“, рече Тодоровиќ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK