септември 25, 2024

Пејачката Шакира се сели во Мајами, заедно со синовите Милан и Саша, пренесуваат шпанските медиуми. По неколкудневни шпекулации, пејачката синоќа била забележана на аеродромот во Барселона со своите деца.

Таа се олгасила и на Инстаграм за да им се заблагодари на Шпанците за поддршката во изминатите години.

„Се преселив во Барселона за да им дадам стабилност на моите деца, истата онаа што сега ја бараме во друг агол на светот покрај семејството, пријателите и морето. Денес започнуваме ново поглавје во потрагата по нивната среќа. Ви благодариме на сите што сурфаа на толку многу бранови со мене во Барселона, градот во кој научив дека пријателството е подолго од љубовта. Им благодарам на сите што ме охрабруваа, ми ги бришеа солзите, ме инспирираа и ме охрабрија да пораснам“, напиша Шакира.

The post Шакира со синовите се сели во Мајами: им благодарам на сите што ми ги бришеа солзите и ме охрабрија да пораснам appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK