септември 25, 2024

Според одлуката на РКЕ, цената на литар дизел од полноќ ќе се намали за еден денар, а цените на бензините ќе се зголемат од половина до еден денар

Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според одлуката на РКЕ, цената на дизелот од полноќ ќе се намали за еден денар, а цените на бензините ќе се зголемат од половина до еден денар. Па така, литар дизел ќе се продава за 72 денари, бензинот еуросупер БС-95 ќе се продава за 83 денари за литар, а литар еуросупер БС-98 од полноќ ќе чини 85 денари.

Од полноќ за половина денар ќе се намали и цената на екстра лесното масло за домаќинство и ќе се продава за 71,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,652 денари за килограм се зголемува и цената на мазутот и ќе изнесува 39,391 денари.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK