септември 25, 2024

Холивудската актерка Памела Андерсон (55) ќе глуми во третиот дел од филмот „Јужен ветар“ пренесува српски Курир. Дејствието на новиот филм ги носи главните ликови надвор од Белград и Србија во авантури кои ќе доведат до преиспитување на меѓусебните односи. Доаѓањето на Памела, како ѕвезда во третиот дел, не е изненадување за луѓето од филмскиот бизнис, бидејќи таа ги има истите агенти како и нејзините колеги, холивудските актери Ерик Робертс и Вилијам Болдвин. Тие ја снимија втората сезона од серијата. Но , не е само Памела ѕвезда во филмот  затоа што пред неколку дена беше објавено дека и Моника Белучи ќе игра во филмот.

За ангажман на светските ѕвезди, како што дознава српски „Курир“, потребно е да се издвојат меѓу 50.000 и еден милион евра.

Авторите на популарната франшиза сѐ уште не сакаат да ги откријат деталите од третиот дел. Инаку, главен актер во „Јужен ветар“ е познатиот српски актер Милош Биковиќ.

The post „Јужен ветар“ ги собра холивудските ѕвезди, и Памела Андерсон ќе игра во филмот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK