септември 25, 2024

„Очигледно е дека намерните или ненамерните пропусти за суштествени повреди и натаму остануваат дозволива пракса за некои судии“, ова е став на министерството за правда откако денеска Апелација ја укина пресудата за случајот „Организаторите на 27-ми април“.

Дали судии прават намерни пропусти за да паднат пресудите на Апелација? Има ли некаква позадина во одредени случаи?

„Затоа, неопходно е веднаш да се добие соодветен одговор, зошто ова се дозволува во континуитет, односно зошто во првостепената пресуда не биле утврдени сите спорни околности, ниту битни факти поврзани со кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Го повикуваме со најдобра намера  Судскиот совет веднаш да реагира и да преземе мерки за утврдување на околностите врз основа на кои е донесена пресудата, да се поведе постапка вклучувајќи ја и  дисциплинска ако се уврди дека некои свесно или несвесно со своите постапки  дозволиле довербата во правосудниот систем да падне на најниско ниво“, велат од Правда.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK