септември 25, 2024

Викендов што помина Македнската традиционална таеквондо федерација, настапи на Меѓународен таеквондо ИТФ турнир „Сита опен 2023“ во Лозница, Србија, при што беа освоени 7 медали – 2 златни, 3 сребрени и 2 брозени.

На турнирот учествуваа околу 300 натпреварувачи од Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Таеквондо клубот „Хва ранг ИТФ“ од Лескоец- Охрид со тројца натпреварувачки имаше добар учинок.

Анастасија Чулческа
1 место (злато) форми жолт појас, женски кадети 12-13 години 3 место (бронза) борби -55 кг, женски кадети 12-13 години

Теодора Тодорска
2 место (сребро) форми жолт појас , женски кадети 12-13 години
3 место (бронза) борби -60 кг женски кадети 12-13 години

Анастасија Трифуноска
2 место (сребро) борби -40 кг женски кадети 10-11 години

За Таеквондо клубот „Мастер“ Охрид настапи

Теодора Митреска 1 место (злато) форми зелен појас, јуниорки 14-15 години
2 место (сребро) борби -65 кг, јуниорки 14-15 години

За Таеквон-до клубот „Чонџи“ од Косел – Охрид настапи Мила Јосифоска, која за жал во спаринг борби четвртфинале, во борбата за медал беше оштетена од страна на судиите.

„Со оглед на големината и квалитетот на учесниците на овај натпревар, презадоволни сме од нашите натпреварувачки кои покажаа извонредна храброст и пожртвуваност, а со тоа имаат мотив да тренираат и уште понапорно, за да постигнеме подобри резултати. Поради подготпвките за наредното Европско првенство кое ќе се одржи овај месец од 17-24 април 2023 година во Језоло, Италија, на овај меч отидовме со мал број натпреварувачи и се одлучивме да одиме само со девојчиња, кои се покажаа најдобро на Државното првенство, а кои се во вториот состав, добија можност да ги покажат квалитетите“, изјави претседателот на МТТФ, Марјанчо Лазаревски.

The post “Охридскиот воз гази се пред себе”-Седум медали за натпреварувачите на МТТФ на Сита опен во Лозница appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK