септември 25, 2024

Доколку не ви се допаѓаат прегласните и комерцијални места, каде поради бројноста на туристите има гужва и врева, на вашата листа треба да го ставите Алберобело, автентично гратче на југот на Италија.

Овој мал град со само 10.000 жители ќе ве освои на прв поглед со својот неодолив шарм, живописните улици и многу необична архитектура.

Првенствено е познат по градбите со уникатна архитектура, исклучиво од неправилни камења, кои се нарекуваат труло, а потекнуваат од 17 век.

Освен белите куќи со необични покриви, она што ќе ве воодушеви се живописните улици полни со цвеќиња и автентични италијански сувенири, прекрасен поглед каде и да свртите и секако многу топлина и сонце, како и уживање во одлична италијанска храна и добро вино.

The post Алберобело град во Италија со необична архитектура: живописни улици со цвеќиња и автентични италијански сувенири appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK