септември 24, 2024

Севилја беше на чекор до голема 2:0 победа над Селта Виго, иако по само 19 минути игра останаа со играч помалку, за на крајот да „колабираат“ во финишот на мечот и да примат два гола за 2:2 реми.

Папе Гуеје доби два жолти картони за да ги остави домаќините на цедило, но во финишот на првото полувреме, во 43. минута, Јусеф Ел Несири донесе водство за Севилја. Кога Маркос Акуња во 81. минута зголеми на 2:0, победата беше „сигурна“. Меѓутоа, Мигуел Родригез прво намали на 2:1 во 90. минута, за во 94. минута, Гонсало Пасиенса да израмни на 2:2.

Со поенот, Селта е на деветтото место на табелата со 36 поени, додека Севилја се 13. со 32 поени.

The post Севилја со 10 играчи водеше со 2:0, Селта се врати со два гола по 90-тата минута! appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK