септември 24, 2024

жМинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на сите пријатели и сограѓани од Ромската заедница, во свое и во име на сите вработени во Министерството за внатрешни работи упатува искрени честитки по повод денешниот голем датум – 8 април, Меѓународниот ден на Ромите.
Празник што без никаков сомнеж навистина ги заслужува почитта и искреното уважување од сите нас, од сите наши граѓани.
Најголемото богатство на една земја се нејзините луѓе, а Република Северна Македонија во тој поглед има исклучително голема предност, имајќи ја предвид нејзината мултиетничност и мултиконфесионалност, коишто како единство на различности, уште повеќе го афирмираат и унапредуваат нејзиниот граѓански карактер. Во тој колорит Ромската заедница, нашите сограѓани Роми, се суштествен дел кој го прави нашиот граѓански мозаик целосен.
Како неизоставен сегмент на нашето општествено ткиво, ви посакувам, во годините пред нас, сплотени заедно, побрзо и подинамично да го достигнеме потребниот степен на општествено-институционална етаблираност што го заслужуваат сите припадници на Ромската заедница.
На крајот, честитајќи ви го празникот, драги сограѓани Роми, ви посакувам успех на личен и на професионален план, објави Спасовски на Фејсбук

The post Честитка од министерот Спасовски по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK