ноември 24, 2024

Французинот Бернар Арно, извршен директор на луксузната групација LVMH, и неговото семејство накратко се најдоа на врвот на листата на Форбс за најбогати луѓе во светот со 185,1 милијарди долари, оттурнувајќи го сопственикот на Tesla, SpaceX и Twitter, Илон Маск.

73-годишниот француски бизнисмен и неговото семејство зазедоа накратко водство на листата во реално време објавена на интернет за сè помалото богатство на Илон Маск, по големиот пад на акциите на Tesla на Њујоршката берза вчера.

Сепак, околу 17:30 часот по Гринич, Илон Маск со богатство од 184,9 милијарди долари повторно се проби на првото место пред Бернард Арно (184,7 милијарди долари). Индискиот бизнисмен Гутам Адани, кој го предводи конгломератот, е трет на листата со 134,8 милијарди долари, а Џеф Безос, основачот на Амазон е на четврто место со 111,3 милијарди долари.

Бернард Арно веќе беше на врвот на таа листа неколку часа во мај 2021 година. Богатството на Арно неодамна се зголеми по поволните резултати на групацијата LVMH, водечката луксузна групација во светот, чија нето добивка ќе достигне 12 милијарди евра во 2021 година.

Илон Маск, чие богатство зависи од развојот на цената на акциите на Tesla, неодамна беше во центарот на бројни контроверзи откако ја купи социјалната мрежа Twitter.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK