септември 24, 2024

Актерката и пејачка Џенифер Лопез лансираше линија на алкохолни пијалоци. Таа објави видео на Инстаграм во кое го претстави нејзиниот нов бренд на коктели со вкус на шприцер, наречен „Делола“.

„Само сакав да создадам нешто добро. Подобар вкус, подобри состојки, нешто што сакам да го пијам со моите пријатели и семејството, а тоа е „Делола“, вели Џеј Ло во видеото.

Коктелите не ги вклучуваат вообичаените вештачки состојки и шеќери што ги содржат другите пијалоци, а имаат приближно иста количина на алкохол како една чаша вино, вели Лопез во рекламата.

Некои обожаватели напишаа дека се разочарани и збунети од одлуката на пејачката да промовира консумирање алкохол, со оглед на тоа што таа отворено во јавноста зборувала за негативните здравствени ефекти од пиењето и дека нејзиниот сопруг Бен Афлек изјавил дека е трезен по завршувањето на третманот за зависност од алкохол.

The post (Видео) Џеј Ло го претстави нејзиниот бренд за алкохолни пијалоци „Делола“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK