септември 24, 2024

Доколку барате нов рецепт, имаме решение – туткана пита со сирење!

Состојки:
500 гр тенки кори
250 гр меко сирење
100 гр тврдо сирење
2 јајца
100 мл јогурт
200 мл млеко
1 лажица кисела павлака
50 мл масло
уште малку масло за корите
1/2 прашок за пециво

Подготовка:
Изгмечете го помекото сирење, додадете ги јајцата, јогуртот, млекото, маслото, прашокот за пециво и павлаката и сè измешајте. Грубо издробете го тврдото сирење. На масата ставете ја тенката кора, па грубо премачкајте ја со масло, врз неа додајте ја втората кора. Потопете ја кората во филот, па ставете ја на дното до крајот на долниот раб. Во продолжение ставете уште една натопена кора.
Одозгора посипете го крупно распарченото сирење. Свиткајте ги рабовите и малку завртете за да оставите што повеќе воздух. Намастете го плехот, па наредете ги ролните.
Ролните може да се исечат на помали ролати за полесно да се сечат по печењето. Премачкајте со масло и печете на 200 степени 30-40 минути додека убаво не поруменат.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK