септември 24, 2024

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 09.04.2023 (недела), со почеток во 10.00 часот поради одржување на улична трка на три километри насловена како “Женска трка 2023” во организација на Сојуз на спортови на Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Трката ќе се одвива по следната траса – од бул.„Илинден” пред фонтана Лотус (старт и цел) до крстосницата со бул.„8 Септември” каде се врти полукружно назад по бул.”Илинден” до целта кај фонтана Лотус.  МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK