септември 24, 2024

ИГРИ СО МАКЕДОНСКИТЕ ЦРКВИ ВО ДИЈАСПОРАТА

Во Австралија, ниту една од Македонските православни општини (заедници) чии храмови се под еклесиастична надлежност на владиката Тимотеј не го прифаќа како валиден томосот на СПЦ за новокомпонирана МПЦ-ОА, ниту дивата држава наречена ‘Северна Македонија’, за која тој томос е создаден, ниту коминикето на Вартоломеј за прием на ‘Стефан и неговите верници’ или ‘Црквата од Охрид’ во ‘екуменско единство’, на кое цариградскиот Патријарх изигрува папа, додека неговите клирици во Австралија се на чело на најагресивниот антимакедонизам и грчки етнофилитизам.

За нас постои само една Македонска православна црква, чија автокефалност е прогласена во 1967 и како таква утврдена во единствениот Устав на МПЦ. Таа постои заради Македонскиот православен народ, а не заради било кои владици, синоди или патријарси. Кој ќе се обиде тоа да го поништи, ќе стане непријател на Македонските православни заедници во Австралија, кои постојат токму заради отпор на македонскиот народ кон асимилаторските политики на црковните власти кои служат како продолжена рака на окупаторите на Македонија.

Горното му е прилично јасно и на г. Тимотеј и на целиот Синод. Никој од нив заради тоа досега не ни се заканил, освен оние кои некогаш го поддржувале владиката Петар, во три-децениската хајка за диксредитирање и поништување на нашите регистрирани Македонски православни заедници, како заштитници на своите храмови, за да може да ги узурпура имотните тапии и така слободно да ги трампа со странски цркви, на сметка на македонскиот народ.

Ако има некоја Македонска православна заедница во Австралија која гледа некаква невистина во горенапишаното, ги молам нејзините овластени претстсавници јавно да потврдат. Да не оставаме простор за заведувачки манипулации со народот, кој треба да е последен судија за вакви национални прашања.

Пишува Игор Аврамовски -Александров

The post ИГРИ СО МАКЕДОНСКИТЕ ЦРКВИ ВО ДИЈАСПОРАТА appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK