ноември 23, 2024

ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и старци

Министерството за одбрaнa нa Туркије соопшти дека неутрализирала тројца припадници на терористичката организација ПКК/ЈПГ, кои се подготвувале да изведат напад во зоната на операцијата „Извор на мирот“ во северниот дел на Сирија.

Во соопштението се наведува дека Вооружените сили на Туркије одлучно ја продолжува борбата против терористите на ПКК/ЈПГ и дека во зоната на операцијата „Извор на мирот“ неутрализирала уште тројца терористи.

Турските безбедносни сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во Туркије, но и во северните делови на соседните Ирак и Сирија.

Анкара од 2016 година досега изведе три успешни големи антитерористички операции преку границата во северните делови на Сирија за да го спречи формирањето на терористичкиот коридор и да овозможи мирно населување на протераното население: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019) се имиња на операциите во кои од терористичка окупација се ослободени широки подрачја по должината на граничниот појас во северниот дел на Сирија.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и старци. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

АА

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK