септември 24, 2024

Актерот Драган Спасов Дац објави фотографија како неговата внука Гаиа спие во негова прегратка.

„Гаиа нана кај дедо “, напиша актерот.

Гаиа се роди минатиот месец и е прво дете на синот на Дац, Јаков и неговата сопруга Софија.

Кога се роди вниката, Дац како дедо и посвети и неколку стихови поезија.

„Секогаш кога ќе се роди некое чедо, земјата станува потешка за околу 3,5 килограми, станува посреќна за илјадници срцебајти, станува помудра, пољубовна поубава, понежна. Така земјата прави рамнотежа со ѕвездата што се раѓа во негова чест. Во тој миг насмевките се зголемуваат на најмалку илијадници усти а планетата благо трепери од нивната моќ. Всушност така планетата се врти, се движи и патува низ непрегледната вселена. Во тој миг мајката се претвора во водопад а таткото во најсилниот вулкан за да го извикаат името на своето чедо кое ја има енергијата на своите предци. Добре дојде на планетава внуко моја Гаиа“, рече Дац.

The post Дац во прегратка ја заспива внуката Гаиа appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK