септември 24, 2024

Огромен пожар избувна на камионски паркинг утрово околу 4:30 часот во Хамбург. Полицијата ги предупреди жителите дека во правец на градот надоаѓа густ чад, а на местото на пожарот наводно истекува водород сулфид.

Целата станица досега изгоре, јавуваат германските медиуми. Пожарникарите на местото на пожарот можат да пристапат само со маски, а во околината уште одекнуваат детонации.

Пожарникарите испратија официјална порака до граѓаните во населбата Ротенбургсорт да ги затворат прозорците и вратите бидејќи може да имаат последици од гасовите и хемиски соединенија од чадот во воздухот.
Затворен е и патот во околината на градот во двата правци за да можат пожарникарите да бидат поефикасни во гаснењето на пожарот, а се воспоставени и алтернативни правци.

Огромен пожар во Хамбург, облак полн со хемикалии се шири низ градот

Пожарникарите ги предупредија жителите да ја избегнуваат областа зафатена од пожарот.
„Ќе ве известиме кога ќе помине опасноста. Следете ги упатствата на службите за итни случаи. Ве молиме известете ги и вашите соседи, особено оние на кои можеби ќе им треба помош поради инвалидитет, јазични бариери или намалена подвижност“, велат тие.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK