септември 24, 2024

Инцидент се случил по завршување на натпреварот Караорман-Охрид. Оштетен бил дел од инвентарот на стадионот во Струга, а повредени се пет полициски службеници.
На 08.04.2023 околу 17:00 часот во Струга, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Караорман од Струга и Охрид, во рамки на Втората фудбалска лига, бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица од навивачка група од Охрид, при што бил оштетен дел од инвентарот на стадионот.

Притоа, при преземање мерки со повреди се здобиле пет полициски службеници од полициската станица Струга. По целосно документирање и расчистување на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

The post Повредени петмина полициски службеници- Инцидент по натпреварот Караорман-Охрид appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK