мај 15, 2026

Многу фудбалски фанови со недоверба гледаа на одлуката на Кристал палас да го замени Патрик Виера со најстариот менаџер во Премиерлигата, Рој Хоџсон, но тој успеа да врати на довербата со втора победа во низа, овојпат со неверојатни 1:5 на гостувањето кај Лидс на „Еланд роуд“ во меч на две екипи на кои опстанокот им е главна цел.

А, мечот почна одлично за Лидс, откако Патрик Бамфорд стрелаше во 23. минута, но Марк Гуеи успеа да израмни на крајот на полувремето. Вторите 45 минути поминаа во знак на гостите – Џордан Ају во 23. минута донесе водство за Палас, за само три минути подоцна по одличната акција, Еберечи Езе зголеми на 1:3. Катастрофата за Лидс ја најави Одсон Едуар во 69. минута, пред Ају со вториот гол во 77. минута да ги постави конечните 1:5.

The post Рој Хоџсон-ефект! Кристал палас го декласираше Лидс на „Еланд роуд“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK