септември 24, 2024

Британски готвач Џејми Оливер ги обнови брачните завети со сопругата Џулс, со која е во брак 23 години.

Тие направиле романтична венчавка на Малдивите заедно со нивните пет деца, Попи Хани (20), Дејзи Бу (19), Петал Блосом (13), Бади Беар (11) и Ривер Рокет (5).

Фотографиите од венчавката на плажа на Инстаграм ги објави и готвачот и напиша:„Јас и Џулс повторно се венчавме. Да, по 23 години заедно, мислевме дека ќе биде посебен момент да го прославиме обновувањето на нашите свадбени завети пред сите деца да почнат да го напуштаат семејното гнездо“, стои во објавата на Оливер.

Тој исто така напиша дека се сеќава на нивната венчавка,која ја чувале тајно, освен папараците кои тогаш биле во селската црква каде што била венчавката.

„Беше навистина посебно, смешно и романтично, а зборовите на церемонијата добија поголема смисла сега кога ги кажавме по толку многу време заедно. Се чини како вчера да беше првата венчавка која ја чувавме тајно, освен папараците кои тогаш дојдоа во селската црква, па мислевме дека ќе биде среќен и радосен момент да го споделиме ова со вас за Велигден. Отсекогаш сонувавме да одиме на Малдиви и беше исто како што го замислувавме, беше едноставно неверојатно“, напиша тој.

The post (Галерија) Џејми Оливер и Џулс после 23 години брак ги обновија сваббените завети на Малдивите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK