септември 24, 2024

Спортисти, пејачи, актери и други личности од јавниот живот кај нас повикуваат на хуманитарен турнир во мал фудбал кој ќе се одржи на 22-ри април во Автокоманда, а средствата собрани од турнирот ќе бидат наменети за лекување на Никола кој боледува од рак на коските.

Елиф Елмас, Игор Џамбазов, Кире Лазаров, Иџе во видео повикуваат за помош за Никола, преку формирање на екипи кои ќе играат на хуманитарниот турнир, велат „борбата на Никола е и наша борба“.

Пријавувањето на екипи е најкасно до 20-ти април. Број за пријавување – 078 474 627, донации за телефон А1 – 143 488 Т-1.

„Да пружиме рака и да изиграме во негово здравје, сите патишта водат во Автокоманда во школскиот двор на Стив Наумов, собери ја екипата и пријавете се на хуманитарен турнир кој ќе чини 1.200 денари од екипа, ќе се игра една утакмица по 10 минути, секоја екипа ќе добие благодарница за хуманиот гест, сите заедно со Никола да победиме во оваа битка која значи живот“, стои во описот на видеото.

Инаку Никола Георгиев (19) е од село Црешево, на кој му е дијагностициран канцер на косиките и за кого се бараат донации. Никола, нема родители, тој живе со своите баба и дедо.

Неодамна во неговиот дом го посети и Панчо ДНК кој испрати апел за помош на Никола, со заедничка фотографија.

The post (Видео) Елиф Елмас, Кире Лазаров, Игор Џамбазов повикуваат на хуманитарен турнир за Никола кој боледува од рак на коските appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK