септември 24, 2024

Сашо Поцков, кој до 2021 беше градоначалник на Гевгелија, стана директор на две коцкарници на Монополи Консалтинг, компанија која се занимава со игри на среќа од истиот град.

Монополи Консалтинг е компанија формирана во октомрви 2019, а Поцков, инаку магистер по економски науки, сега е управител на двете подружници на местото на Марјан Николовски.

Двете подружници на Монополи Консалтинг се со дејност „коцкање и обложување“ и се на адреса во Сретеново, Стар Дојран, и во Боговиње.

Од она што може да се пребара кај Министерството за финансии, друштвото добило лиценца за автомат клуб во Боговиње во февруари годинава. Лиценцата е во траење од шест години за што треба да се уплати надоместок од 78.750 евра.

Во информацијата за издадената лиценца од Министерството за финансии, може да се прочита дека друштвото на крајот од минатата година ума уплатено основна главнина од 2.544.688 евра.

 

На крајот од 2021 на последните локални избори кандидатото на ВМРО-ДПМНЕ, Андон Сарамандов, го победи Поцков какко тогашен актуелен градоначалник на Гевгелија со околу 2.500 гласови разлика во вториот круг.

 

 

Поцков од 2014 до 2017 во два мандати бил пратеник во Собранието.

Фактор.Мк

The post Доскорешниот градоначалник на Гевгелија стана директор на коцкарници appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK