септември 24, 2024

Сонот на многу љубители на виното го исполни една винарија во Италија која е наречена „Фонтана дел Вино“ од која тече вино.

Фонтаната се наоѓа во регионот Абруцо во градот Калдари ди Ортона на аџилакот до Сан Томазо, кој ги поврзува градовите Рим и Ортона.

Инаку, оваа патека за аџилак е долга околу 113 километри и на туристите им нуди многу историски знаменитости на својот пат.

Пешачката тура завршува во базиликата Свети апостол Тома, каде се наоѓаат посмртните останки на Исусовиот апостол.

Фонтаната е создадена во 2016 година во рамките на винаријата „Дора Сарче“, а виното е начин за поздравување и пречек на туристите. Винаријата препорачува умерено пиење вино.

The post Во Италија има градска фонтана од која без престан тече бесплатно вино appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK